Бизнис
15. February 2017 - 19:45

Работодавачите стравуваат дека ќе мора да ги отпуштаат правниците

Отказ за поголемиот број правници вработени во компаниите, доколку продолжи да се применува новиот закон за нотаријат и извршување.

Со измените кои стапија на сила почетокот на годината – за секоја претставка до нотар или извршител  фирмите – ќе мора да ангажираат и адвокат, со што значително ќе им се зголемат трошоците на фирмите.

Така на пример за заверка на документација или склучување на  купоприодажен договор , за сума до 10 илјади денари фирмата на адвокатот ќе треба да му плати 2 100 денари.  

Колку е повисока сумата, толку се поголеми и трошоците за фирмите.  Нелогично е правниците да ја застапуваат компанијата пред судските постапки, а за обичен договор да ангажираат и плаќаат адвокат, велат од  Организацијата на работодавачи. Затоа бараат  законот да се смени.

За да се заштитат интересите на бизнисот  заедницата и работодавачите, од Организацијата на работодавачи се надеваат дека ќе го  убедат законодавецот да ги остани направените грешки во законите кои им нанесуваат штетии на бизнисот.