Македонија
27. November 2020 - 19:53

Радев бара прво решение, па почеток на преговори – Ахмети застана зад Заев

Премиерите на Бугарија и Македонија Бојко Борисов и Зоран Заев не треба да прават театар со отворените прашања меѓу двете земји. Ова е првата реакција на бугарскиот претседател Румен Радев за последните обиди на Заев преку изјави и декларација да се постигне решение со кое ќе се одбегне бугарското вето.

Радев вели официјална Софија треба да даде зелено светло за Македонија само доколку засекогаш се решат историските прашања и говорот на омраза.

Во меѓу време за ваквиот потег Заев доби поддршка  од главниот владин партнер Ахмети. Лидерот на интегративците вели дека премиерот ја жртвувал својата кариера за доброто на земјата.

Зад Заев застанаа и неговите министри од СДСМ.

Заев во интервју за БГНЕС пред два дена изнесе ставови дека улогата на Бугарија во втората светска војна била административна, а не окупаторска, а Југославија била таа која не раздвојувала.