Радев: Има многу позитивни сигнали од посетата на Петков на Скопје
Секој чекор што ја продлабочува нашата соработка треба да биде поддржан. Има многу позитивни сигнали од оваа посета, изјави денеска претседателот на Бугрија, Румен Радев, одговарајќи на новинарско прашање за посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Република Северна Македонија, јавува БТА.
За резултатите од посетата на бугарскиот премиер на Скопје, Радев посочи, дека бил информиран на вчерашната сребда со Петков.
– Се надевам, како што кажав и вчера од собраниската говорница, заедно со сите напори за подобрување на поврзаноста, инвестициите, економијата, соработката, да не ги заборавиме главните прашања што треба да се решат и всушност ќе ја отклучат вратата за почеток на преговорите, рече Радев.
Радев, исто така, изрази надеж дека властите во Скопје ќе покажат мудрост и политичка храброст да ги решат овие проблеми, особено, како што рече правата на македонските Бугари, за да може „да ја отвориме вратата за почеток на преговорите за членство“.
– Како одговорна членка на ЕУ, мора да интегрираме партнери, а не проблеми, нагласи Радев.
Според Радев, како што пренесува БТА, уставните системи на двете земји се радикално различни и додека бугарскиот Устав предвидува заштита на индивидуалните права, македонскиот Устав се заснова на заштита на колективните права на делови од народите.
– Сите тврдења дека ако Бугарија бара правата на македонските Бугари, да бидат запишани во Уставот, од друга страна, како реципроцитет, Северна Македонија може да бара македонско малцинство во Бугарија, се апсолутно неосновани, рече Радев.
Ново на Сител
-
Владата го објави последниот француски предлог - јазикот и протоколите надвор од преговарачката рамка
-
Владините партнери запознати со модифицираниот предлог - Ковачевски ќе бара поддршка од Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби модифицираниот предлог – Мицкоски повика на протест
-
Официјална Софија тврди нема нов француски предлог - Борисов повика Софија да го финализира истиот
-
Министерот Спасовски во посета на Софија - специјалните единици на МВР на заедничка вежба
-
44 судии и 11 обвинители заминаа во пензија - процесите што ги водеа судиите ќе почнат од почеток
-
Сите што наполниле 64 години од денеска задолжително заминуваат во пензија
-
30 илјади работници не земале плата за мај - засега само опомени за работодавачите