Македонија
24. January 2023 - 21:15

Радев се заканува со механизми за заштита на Бугарите

Бугарскиот претседател Румен Радев се заканува со нова блокада за македонските интеграции. Откако повеќе политчки структури од Бугарија бараа повторно вето за Македонија, официјална Софија излегува со истиот став дека мора да се активораат европските механизми за да се ставело крај на антибугарската омраза.

Сигурен сум дека и бугарското општество и нашите партнери во ЕУ разбираат зошто толку многу се борев правата на македонските Бугари да бидат заштитени во уставот на РСМ и тоа да биде задолжителен услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ. РСМ се уште ја нема отворено вратата од просторијата каде што се водат овие преговори, а очекувам институциите кај нашиот сосед да докажат не само дека не се дел од антибугарската кампања, ова веќе не е доволно - високо е време да докажат дека активно се борат пред неа. Ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај на оваа антибугарска омраза и хистерија.

Претходно и теничкиот министер Милков и повикаа да се врати ветото за Македонија. Шефот на бугарската дипломатија не се појави на седницата на Народното Собрание каде што требаше да ги образложи деталите за инцидентот со секретарот на клубот во Охрид. Но за инцидентот, но и за наводен притисок врз бугарската заедница во Македонија, говорел на министерскиот совет во Брисел.

А наместо одлуки за забрана за влез во Македонија и прогласување на персона нон грата за европратеникот Џамбаски и уште неколку парламентарци како што препорача Пендаровски, владата донесе заклучок само за засилено полициско обезбедување за 4-ти февруари, за одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на владината делегација.

Задолжено е МВР да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно со препораките од надлежните служби соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност. Делегацијата, којашто во име на Владата ќе присуствува во црквата Свети Спас во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев ќе биде составена од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, соопштија од влада.

Советот за безбедност ѝ предложи на Владата да им забрани влез во Македонија на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица – државјани на Бугарија поради дејствија што претходно ги преземале и сè уште ги преземаат против нашата држава.