Ранко Кривокапиќ сменет од функцијата претседател на Собранието на Црна Гора
Собранието на Црна Гора синоќа го разреши Ранко Кривокапиќ од должноста претседател на Парламентот, избра нови министри и усвои закон за одржување фер и слободни избори.
Кривокапиќ е сменет со 43 гласови „за“, еден „против“ и 18 неважечки гласови, а пратениците за неговото разрешување гласаа тајно.
До изборот на новиот претседател, со Парламентот ќе претседава потпретседателот Милутин Симовиќ од владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС).
Пратениците синоќа, еден час по полноќ го усвоија и Законот за создавање услови за фер и слободни избори, т.н. лекс специјалис, „за“ кој гласаа 49 пратеници, „против“ беа 20, а воздражни шест.
На седницата беа избрани и двајца потпретседатели на Владата, Петар Ивановиќ и Миодраг Вујовиќ. За министер за земјоделство е избран Миленко Поповиќ, за финансии Рашко Коњевиќ, за внатрешни работи Горан Даниловиќ, за труд и социјална политика Борис Мариќ. По изборот новите членови на Владата положија заклетва.
Разрешувањето на Кривокапиќ и изборот на нови министри успеди откако неговата Социјалдемократска партија (СДП) ја раскина повеќегодишната коалиција со ДПС и ја напушти Владата.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар