Расчистени улиците во Црешево, се чистат куќите
Сите улици во Црешево се расчистени. Екипи во моментов работат на автобуската станица и на расчистување на најдолните три куќи во селото кои беа најмногу зафатени од поплавите, информира министерот за внатрешни работи Митко Чавков.
Чавков заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска го посети селото Црешево за на лице место да видат како се одвиваат работите за расчистување на последиците од поплавите.
Како што информира Чавков, на жителите на Црешево први на помош им дошла полицијата, а во расчистувањето на последиците од невремето учествувале 200 полицајци, 100 припадници на АРМ и 200 доброволци.
Тој нагласи дека иако се при крај работите за целосно оспособување на селото, до вторник екипите ќе останат на терен за веднаш потоа механизацијата и машините да бидат префрлени во местата каде што се најпотребни, односно во Стајковци каде се поплавени 700 од вкупно 1.000 куќи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален