Македонија
1. September 2019 - 20:56

Расчистено убиството во Гостивар, кривична пријава за 46- годишен маж

СВР Тетово- НККР Гостивар до ОЈО Гостивар поднесе кривична пријава против Ѓ.Д. (46) поради основи на  сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“, казниви по член 123 ст.1 и член 123 вв член 19 од КЗ на РСМ. Пријавениот е лишен од слобода на 01.09.2019  во 5.40 часот по преземени мерки и активности од полициски службеници од ПС Гостивар. 

Пријавениот на 01.09.2019 после 3 часот во стан во зграда на ул. Илинденска во Гостивар со употреба на нож ја усмртил С.Т. (78) и се обидел да ги усмрти и С.Р. (54) и Б.Р. (60), поради наводен паричен долг од Б.Р. кон Ѓ.Д. По преземени мерки и активности,  Ѓ.Д. е лишен од слобода од страна полициски службеници.