Расел Кроу и Том Круз ќе глумат во „Мумија“
Студиото „Јуниверзал“ има намера во својот репертоар да ги врати во живот класичните чудовишта. Така, наскоро треба да пристигнат филмови со разни чудовишта, мумии, Франкенштајн, Дракула и останатите.
Иако првично одбиваа да ги коментираат гласините дека започнале со таков проект, изгледа дека сега се е јасно и дека на Том Круз во филмот за мумии ќе му се придружи и Расел Кроу.
Заедно со нив двајца, главната женска улога ја доби Анабел Валис.
Судејќи по тоа дека целиот проект претставува обид да ги врати во живот старите монструми, улогата на Кроу во филмот е веројатно некое познато чудовиште како што е мумјата. Сега се шпекулира дека Расел би можел да биде докторот Џекил (а веројатно и Хајд), но во модерно време.
Покрај нив, во проектот се вклучени и други познати глумци како Џони Деп (Невидливиот човек) и Анџелина Џоли (Невестата на Франкенштајн).
Имено, „Мумија“ во кината би требало да пристигне кон почетокот на блокбастерската сезона, идната година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација