Кошарка
8. January 2018 - 11:31

Расел Вестбрук го мина Лери Бирд на вечната листа

 
  Минатогодишниот најкорисен играч во НБА лигата (МВП), Расел Вестбрук го мина легендарниот Лери Бирд на вечната листа на најдобри асистенти. 
 
Вестрбрук на дуелот меѓу Оклахома и Феникс, оствари 11 асистенции, со што го мина Лери Бирд на 40-тото место на листата најдобри асистенти во историјата на НБА лигата. 
 
Иако Весбрук средбата ја заврши со трипл-дабл, негов 93-ти во кариерата, односно покрај единаесетте асистенции имаше и 27 поени и  10 скока, сепак тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот од 110-114. 
 
https://
 
 
На овој меч, Џош Jackson стана вториот дебитант по Џои Џонсон кому му испеало на еден меч да оствари учинок од најмалку 10 поени, 10 скокови и пет асистенции во редовите на „Сонцата“, за кои Тајсон Чендлер имаше 13 скокови, па сега на високиот центар му недостасуваат уште 22 скока да стане 40-тиот играч во историјата на НБА лигата кој стигнал до границата од 10.000 скока во кариерата. ит/