„Раскинаа“ Кермит и Мис Пиги
По внимателното размислување и големиот број кавги, Жабата Кермит и јас, донесовме тешка одлука да се стави крај на нашата романтична врска. Ние ќе продолжиме да роботиме заедно на телевизија и другите медиуми, моментално достапни и осмилсени во иднина. Но, нашите лични животи се одвоени, ќе продолжиме да се гледаме со други луѓе, свињи, жаби и т.н. Ова е наш единствен коментар за оваа приватна работа. Освен ако не добиеме вистинска понуда. Ви благодариме на разбирањето.
Оваа „тажна“ објава на Фејсбук профилот на Мис Пиги ги погоди многумина фанови на Мапетите. Но, набрзо по тоа следеше и осврт на Кермит кој даде до знаење дека одлуката била само нејзина.
Секако, не се работи само за симпатична шега на сметка на јавно прекинување и развод на американски славни личности, туку и промоција на шоуто „The Muppets“ кој на есен почнува на Еј-Би-Си, и ги следи авантурите на познатите, овој пат зад кулисите на ноќното шоу „Up Late with Miss Piggy“.
Кермит започнува врска со нова девојка која работи во маркетинг, а исто така, е свиња и претставува голема закана за Мис Пиги.
Извршните продуценти Бил Пради и Боб Кушел изјавија дека шоуто со емитување започнува на 22 септември, а Imagine Dragons и Рис Витерспун веќе го потврдија гостувањето.
Пради изјави дека било тешко да се снима „The Muppetse“ која во новата верзија малку ќе наликува на популарните серии „Во канцеларија“ и „Модерно семејство“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација