Бизнис
30. September 2015 - 15:20

Раст на прометот на трговијата на мало

Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во август годинава во однос на авгут лани бележи зголемување номинално за 3,5, а реално за 2,7 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Статистиката бележи зголемување и кај прометот на трговија на мало со непрехранбени производи, освен горивото номинално за 6,5 проценти, а реално за 0,4 отсто. Трговијата на мало, освен трговијата со гориво бележи зголемување номинално за 5,1, а реално за 3,8 отсто.