Македонија
11. February 2016 - 16:41

Расте бројот на грипозни - Над 3000 заболени за една недела

Свинскиот грип циркулира и во Македонија. Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, примероците од тројца пациенти биле позитивни на АХ1Н1.  Овој тип на вирусот е доминантен во многу европски земји а во Русија беа регистрирани и стотина починати.

Во меѓувреме расте бројот на грипозни. За една недела Институтот регистрирал над 3000 заболени  што е двојно повеќе од истиот период минатата година.  Голем број од нив се ученици и деца од градинки. Засега нема пријавено поголеми отсуства од училиштата. Дека грипот зема замав потврдуваат и матичните лекари. Деновиве бележат голем број на пациенти со бронхопневмонии и висока температура. Епидемилозите  велат дека грипот зема замав. Комисијата за заразни болести ја следи состојбата и доколку има потреба ќе препорачаат дополнителни мерки за превенција.

-Сега засега не се предвидени некои посебни мерки за заштита, знаеме дека ова е респираторно заболување и како се пренесува и затоа се оние општите мерки на самозаштита, ако ја тргнеме на страна вакцинацијата која во најголем дел заврши, вели Гордана Кузмановска од ИЈЗ

Од октомври кога почна сезоната на грип, досега се пријавени 8 000 случаи. Над 1700 од нив се деца до 14 годишна возраст. Прилеп и Струмица пријавиле најмногу грипозни. Берово и Валандово се градовите каде нема ниту еден заболен.

Активноста на вирусот е зголемена и во европскиот регион. Доминира АХ1Н1 од кој се пријавени зголемен број на случаи со тешка респираторна инфекција.