Македонија
28. јуни 2022 - 20:51

Разрешен директорот на затворот Идризово

На денешната седница Владата го разреши досегашниот директор на затворот Идризово Реџеп Реџепи. Тој беше на функција како кадар на партијата Алтернатива откако таа му се приклучи на парламентарното мнозинство, пишува Нетпрес.

Од Владата на соопштуваат зошто е разрешен и дали евентуално тоа има врска со неодамнешните полициски претреси во затворот.

Неофицијално, главна причина е фактот дека во затворот беа пронајдени дрога, ножеви и мобилни телефони.

На местото на Реџепи, именуван е Шпенд Тахири, исто така кадар на Алтернатива.