Македонија
10. September 2019 - 16:43

Разрешен претседателот на Врховниот суд, Судскиот совет одлучи дека Вангеловски работел несовесно

Јово Вангеловски е разрешен од функцијата претседател на Врховниот суд. Одлуката ја донесе Судскиот совет со мнозинство гласови. На членовите на Советот им требаше околу два часа да ја утврдат одговорноста на Вангеловски. Зад затворени врати, во нестручното функционирање на првиот човек на Врховниот Суд ги уверил извештајот од Комисијата, која препорачала негово разрешување.

Заедно со Вангеловски, разрешени се и уште двајца судии од Врховниот суд. Вангеловски има право на жалба, што нема да ја одложи одлуката на Советот. За в.д претседател на Врховен е назначен судијата Фаик Арслани.

На денешната седница, членовите на Судскиот совет едногласно ја избраа Цветанка Периќ од Апелацискиот суд во Скопје за нов врховен судија. Беше донесена и одлука за продолжување на мандатот на суспендираниот судија Мустафа Шаини, осомничен за злоупотреби со предмет за денационализација на имот на брегот на Охридското Езеро во Струга.