Loading Video...
Фудбал
30. May 2020 - 16:28

РБ Салцбург победник во фудбалскиот Куп на Австрија

Фудбалерите на Ред Бул Салцбург го освоија првиот трофеј. 
 
Во првиот меч по двоипол месечната пауза во австрискиот фудбал, кој се одигра пред празни трибини и под строго починување на пропишаните безбедносни мерки, тимот на РБ Салцбург во финалето на националниот Куп убедливо со 5-0 го победи второлигашот Австрија Лустенау
 
Тоа е вкупно 7-ми трофеј за РБ Салцбург во националниот куп на Австрија, а прв во актуелната сезона, во која оваа екипа има можност да го освои и шампионскиот пехар, и тоа благодарение на недисциплината на нивниот конкурент ЛАСК. 
 
Имено, тимот на ЛАСК кој пред продолжувањето на сезоната беше лидер на табелата,  беше казнет од австриската фудбалска федерација со парична казна, но и одземање на шест бодови, поради непочитување на протоколите од за време на тренинзите, па така сега Салцбург е прв на табелата.