Loading Video...
Кошарка
20. April 2019 - 17:16

Реал на чекор до Фајнал-форот во Евролигата

 
Актуелниот европски шампион Реал Мадрид е на чекор до пласман на завршниот фајнал-фор турнир во кошаркарската Евролига. 
 
Реал ја искористи предноста на домашниот терен и во вториот меч беше подобар од Панатинаикос со 78-63, за водство од 2:0 во победи во серијата подобар до три. 
 
Затоа пак Барселона во неизвесен меч успеа да го победи Анадолу Ефес со 74-72 во вториот меч одигран во Истанбул, а со тоа Каталонците да го израмнат резултатот на 1:1 во победи, по што следните два меча ќе ги играат на домашен терен. 
 
Потсетување дека изедначено 1:1 во победи е и на двата преостанати четвртфинални дуели во кои Жалгирис во следните два меча е домаќин на Фенербахче, а Басконија со ист скор ја пречекува московска ЦСКА.