Фудбал
30. May 2018 - 11:02

Реал промовира дресови, Роналдо на преговори во Париз?!

Дали на повидок е сензационален трансфер на Кристијано Роналдо во Пари Сен Жермен. 

Мозаикот полека се склопува што ги загрижува фановите на тимот откако Португалецот го немаше на промоцијата на новиот дрес на Реал и на местото на неговата слика стои само името и бројот 7.
Денеска се појавија и нови шпекулации дека агентот на Роналдо е во Париз на преговори со ПСЖ откако францускиот тим понудил баснословни услови и плата каква што има Меси во Барселона.
Роналдо после освојувањето на Лигата на шампионите во саботата изјави дека „било убаво да се игра за Реал“, а потоа ден подоцна ја ублажи својата изјава, истакнувајќи дека не сакал да го свртува вниманието на новинарите кон себе, но и дека нешто ќе се случи и тоа ќе го соопшти во наредните неколку денови.