Македонија
28. July 2020 - 16:41

Речиси 90 мигранти откриени во два наврата на исто место во струмичко

За помалку од 24 часа скоро на идентична полицијата во Струмичко  откри два нови обиди за криумчарење мигранти. Првата група од 39 лица е откриена вчера наутро околу пет часот, додека втората во која се пронајдени 50 мигранти била откриена  синоќа околу 19 30 часот. И двете групи полицијата ги фатила во непосредна близина на Раборска ракрсница.

Во утринската акција мигрантите се откриени во возило со кичевски регистарски ознаки чиј возач откако бил запрен се обидел да побегне, но бил спречен, а по извршен преглед на возилото пронајдени се 39 лица од кои  35 од Сирија и четири од Ирак. По извршениот увид со наредба на јавен обвинител мигрантите се сместени во транзитниот центар Винојуг кај гевгелија за понатамошна постапка, додека против возачот ќе поднесена  кривична пријава за криумчарење мигранти.

Вториот случај е откриен на локалниот пат кон селото Три Води, повторно во непосредна близина на Раборска раскрсница. Педесетмината мигранти биле сместени во камион со скопски регистарски ознаки.

„При контрола на товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал Д.Х., биле пронајдени 50 мигранти и тоа 33 од Бангладеш, 15 од Пакистан и две лица од Авганистан. Д.Х. бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица, а увид на местото извршиле екипи на регионален центар за гранични работи и СВР Струмица. По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде  поднесена соодветна пријава“, стои во известувањето од МВР.

Струмичкиот регион станува една од главните транзит рути за криумчарење мигранти кои на македонска територија влегуваат преку дивите премини на планината Беласица. Во последниот период поголемиот дел од нив се откриваат токму во близина на Раборска раскрсница. Пред околу дваесетина дена токму на оваа локација се преврте комбе кое превезуваше мигранти. 14 лица беа повредени од кои четворица со тешки, а 10 со лесни телесни повреди. Во извлекувањето на повредените учествуваше и екипа на противпожарната единица.