Реџепи: Владата нема доверба во своето мнозинство и се плаши од она што би го изнела опозицијата во дебата
Координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и на Алтернатива Скендер Реџепи денеска изјави дека Владата вчера покажала две работи: прво, дека нема доверба во своето мнозинство и дека се плаши од она што ќе го изнесе опозицијата во дебатата за доверба на Владата.
-Од таа причина ние костатираме дека вчера Владата насилно ги донесе сите пратеници. Жално што и пратеници кои имале доста тешка ситуација домашна, да ги донесат во Собрание, што нема ни логика, ни човечки елементрани вредности. Од друга страна го искористи членот од Деловникот за да го злоупотреби правото на опозоцијата за да си го даде своето мислење за недостатоците на Владата во овие шест месеци, рече Реџепи.
Самиот факт дека вчера мнозинството заврши седум седници е доволен доказ дека тие насила ги донеле пратениците, а од денеска пак ќе почнат да се препукуваат.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење