Македонија
30. September 2018 - 8:39

Референдумското изјаснување почна навреме во Дебарско

Во дебарскиот поширок регион навреме почна референдумското изјаснување на граѓаните со право на глас.

Гласачките кутии во двете општини, Дебар и Центар Жупа, се отворени во 7 часот.

- На сите 27 избирачки места гласачките кутии се отворени точно во седум часот. До 19 часот, кога треба да бидат затворени, своето право на глас треба да го остварат 18.318 граѓани, изјави Елмира Бакали,  претседателка на Општинската изборна комисија во Дебар.

Во оваа општина вчера гласа 22 болни и изнемоштени лица.

На територијата на општина Центар Жупа има 6.686 граѓани со право на глас, а таму се гласа на 16 избирачки места. Според претседателот на ОИК-Центар Жупа Еран Зубер, сите избирачки места се отворени навреме.

Денеска од седум до 19 часот работи и регионалното одделение за управни работи при Полициската станица од општа надлежност - Деба за издавање лични карти.