Македонија
27. March 2020 - 12:53

Регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата, вкупно дијагностицирани 219 пациенти

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
- Скопје (134)
- Дебар (43)
- Куманово (17)
- Штип (8)
- Прилеп (6)
- Охрид (3)
- Велес (3)
- Кавадарци (2)
- Тетово  (2)
- Гостивар (1)