Македонија
8. September 2020 - 14:54

Регистрирани 99 нови случаи на Ковид-19 и 8 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-7, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-4, Струга-2, Велес-2, Битола-6, Охрид-14, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-6, Македонски Брод-3, Виница-1, Делчево-6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти од: Скопје-48, Куманово-25, Штип-11, Прилеп-9, Тетово-23, Струга-8, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-22, Гостивар-21, Гевгелија-4, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-2, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-10, Кичево-3, Неготино-3.

Починати се 8 лица, два пациенти од Тетово (60г. и 71г.), од Делчево (78г.), Струга (63г.), Скопје (59г.), од Дебар (52г.) и два пациенти од Охрид (70г. и 94г). Седум пациенти се починати во, а еден пациент е починат вон болница.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15226,  бројката на оздравени пациенти е 12700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1895. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6156, активни 575

• Куманово 1548, активни 231

• Дебар 260, активни 27

• Штип 1187, активни 90

• Прилеп 531, активни 139

• Тетово 1258, активни 104

• Струга 595, активни 55

• Велес 280, активни 22

• Битола 231, активни 42

• Охрид 376, активни 57

• Кавадарци 190, активни 25

• Гостивар 824, активни 114

• Гевгелија 74, активни 43 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 83, активни 31

• Крива Паланка 61, активни 19

• Радовиш 47, активни 7

• Крушево 17, активни 1

• Кочани 166, активни 37

• Пробиштип 90, активни 15

• Демир Хисар 60, активни 2

• Македонски Брод 80, активни 13

• Пехчево 38, активни 26

• Берово 68, активни 35

• Валандово 9, активни 1

• Виница 83, активни 27

• Делчево 108, активни 77 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 6

• Свети Николе 301, активни 27

• Кичево 286, активни 42

• Ресен 147, активни 0

• Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1384 теста се преку: ИЈЗ-298, ЦЈЗ Скопје-21, Авицена-167,  Биотек-207, МАНУ -154, Жан Митрев (Филип Втори)-216, Систина со PCR метода -172, лабораторија Лаор –57, Судска медицина-30, ЦЈЗ Битола-38, Инфективна клиника-10, ГАК-14, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 159.387 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 81 пациенти. На кислородна поддршка се 59, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  2 деца и 3  мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 55

• Гази Баба – 72

• Аеродром - 99

• Карпош – 63

• Центар – 62

• Кисела Вода – 57

• Ѓорче Петров – 34

• Бутел - 36

• Шуто Оризари – 23

• Студеничани – 17

• Сарај – 16

• Арачиново – 10

• Илинден – 11

• Сопиште – 4

• Чучер Сандево – 2

• Петровец – 4

• Зелениково - 1

• Странец – 6

• Нераспределен-3