Балкан
24. September 2019 - 23:24

Регистрирани над 10.500 молњи во Јонското Море и западна Грција

До 13 часот по локално време, специјалниот систем на Националната опсерваторија во Атина, во Јонското Море и Западна Грција регистрирал над 10.500 молњи од кои над 7000 биле во морскиот дел, jави дописничката на МИА од Атина.

Западниот дел на Грција денеска го зафати силно невреме, а во два одвоени случаи, две лица го загубија животот од удар на гром, додека пак во градот Пирогс во областа Илиас на Пелопонез биле регистрирани обилни врнежи од дожд, кои достигнале и до 100 милиметри според грчката национална опсерваторија.