Рекорден број нови случаи на Ковид-19 во Грција
Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран рекордно висок број нови случаи на Ковид-19, вкупно 460 новозаразени лица, од кои 114 се од фабриката за конзервирање во северниот дел од земјата, 26 по направените тестови на влезните точки во земјата, a повторно најголемиот дел од нови случаи, односно 207 се во областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина.
Паралелно регистрирани се и пет смртни случаи.
Професорот епидемиолог Гикас Мајоркинис на денешната редовна прес-конференција за ситуацијата со новиот коронавирус во Грција, рече дека логично е да се очекува зголемување на ширењето на вирусот кон крајот на октомври, со оглед на тоа дека луѓето ќе почнат повеќе време да поминуваат во затворени простори.
Заменик- министерот за цивилна заштита на Грција објасни дека според седмичниот извештај за Ковид-19 во периодот од 24 до 30 септември, просечниот број дневни случаи бил 314, новозаразени се на просечна возраст од 39 години, додека пак просечно, дневно биле направени 10.617 тестови, од кои голем дел биле на влезните точки на земјата.
Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 19.346 случаи на Ковид-19, а починаа 398 лица.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората