Свет
30. July 2020 - 11:10

Рекорден број новозаразени со коронавирусот во Индија

Во Индија во последните 24 часа е регистрирано рекордно дневно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот – 52.123, додека починале уште 775 лица.

Од почетокот на пандемијата во Индија се пријавени 1.583.792 случаи на Ковид-19, од кои починале 34.968 луѓе.

Над милион луѓе во оваа земја досега се излекувале вирусот.

Индија се наоѓа на третото место во светот по бројот на заразени, зад САД и Бразил, од кои, сепак, има пониска стапка на смртност од Ковид-19.