Балкан
13. August 2020 - 17:55

Рекордни 154 новозаразени во Албанија

Не се смирува нагорната линија на новозаразани од Ковид-19 во Албанија.

Во изминатото деноноќие дијагностицирани се 154 нови случаи,што е највисока бројка во едноденоноќие до сега.И понатаму главно жариште останува Тирана каде се 84 од новозаразените,по што следува Драч со 10.

Според Министерството за здравство и социјална заштита починале пет пациенти или 213 до сега,додека битката со опасниот вирус ја добиле 64 или 3.616 лица.

Со последните 643 до сега направени се вкупно 48.319 тестови,позитивни на Ковид-19 се 6.979,од кои активни на болеста се 3.142 лица.

Од почетокот на овој месец во просек дневно се регистрирани по над 130 новозаразени или вкупно 1.714 лица.