Loading Video...
Фудбал
7. October 2019 - 10:35

Ремек дела на Суарез и Меси за победа на Барса од 4-0

Конечно сезонава шпанскиот првак Барселона, блесна во вистински сјај. 

 
Кога Меси и Суерез се во „елемент“ тогаш е јасно дека тешко му се пишува на секој противник на Барселона.
 
Тоа меше случај на синоќешниот меч на „Камп Ноу“ односно дербито од 9.коло на Ла Лига, во кое Баселона убедливо ја победи Севиља со убедливи 4-0. 
 
Токму Суарез на ефектен начин во 27.минута го постигна првиот гол за Барса, која до крајот на првиот дел веќе имаше три гола предност, откако во листата на стрелци се запишаа Видал и Дембеле. 
 
Доминацијата во овој меч Каталонците ја потврдија со прекрасниот гол на Лионел Меси во 78.минута од слободен удар. 
 
Барселона која сега има 16 бодови е веднаш зад лидерот Реал кој има два повеќе, додека трето пласираниот Атлетико Мадрид досега собра 15 бода.