Loading Video...
Ракомет
18. November 2020 - 14:46

„Реми“ и пораз на нашите претставници во ЕХЛ Лигата на Европа

Еурофарм Пелистер одигра нерешено, а Металург загуби во вториот натпревари во ЕХФ Лигата на Европа, 
 
Во рамките од Д групата во Битола ракометарите на Еурофарм Пелистер иако на полувремето во дуелот против швајцарскиот тим Кадетен Шафхаузен
Имаа предност од шест голови 16-10, сепак на крајот мораа да се задоволат само со еден боди играјќи нерешено 25-25. 
 
А, по долгото патешествие до Шпанија со автобус, ракометарите на Металург мечот во од А групата, загубија од Адемар Леон 41-32. 
 
Во следното коло закажано за 24 ноември Металург ќе биде домаќин на австриската екипа Фиверс, додека Еурофарм Пелистер го очекува тешко гостување во Германија кај составот на Рајн Некар Левен
 
Утре пак во СЦ Јане Сандански ракометарите на Вардар ќе го одиграат четвртиот натпревар во Лигата на шампионите, а противник е полскиот тим Кјелце. 
 
Почетокот на натпреварот е од 18 часот и 45 минути