Македонија
12. јуни 2024 - 16:34

Решение за потпорниот ѕид ќе се бара следната недела

Трет ден граѓаните стравуваат за својот живот откако се сруши потпорниот ѕид на оградата кај Детската клиника на Клиничкиот центар. И денеска ситуацијата на терен е иста, никој не работи на санирање на штетата.

Градоначалникот на центар во договор со ЦУК во  понеделник закажле средба на која се повикани сите инволвирани. Од Министерствот за здравство се прогласија за ненадлежни, а од Град Скопје тоа го направија уште пред два дена. Прашани дали воопшто ќе преземат нешто за проблемот, денеска не одгвоорија на прашањата.  

Дека ѕидот може да се урне, уште пред речиси два месеци предупреди директорот а ЦУК. Сега освен ѕидот во опасност е и улицаата.