Резулатите на починатиот маж од Битола и починатата родилка од Охрид се негативни на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека се готови резултатите на две лица кај кои постмортем е земен брис за тест на Ковид – 19.
Мажот на возраст од 66 години, кој на 30.03 од страна на МВР при извршување на рутинска контола на лице во домашна изолација, беше пронајден починат во својот стан во Битола е негативен на коронавирусот. Брисот беше земен истиот ден од страна на Центарот за јавно здравје во Битола и испратен во Скопје на анализа. Починатиот, по враќање од Англија бил во 14 дневна изолација, а истата требала да заврши на 30 март. Од познати комобирдитети, имал дијабет и хипертензија.
Негативен на Ковид -19 е и резулатот на родилката од Охрид, која доцна синоќа почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Пациентката на возраст од 37 години беше вчера попладне донесена во Скопје со возило на брза помош во високо фебрилна состојба и со мртов плод.
Како што информираше Клиниката за гинекологија и акушерство по пристигнување, на пациентката уште веднаш и е направена целосна лабораторија и земен брис за Ковид-19. Лекарите оперативно го извадиле плодот, а од стомакот на мајката е евакуиран гној. Причина за смртта е најверојатно сепса со масивна тромбемболија. Пациентката e пратена на обдукција по што ќе има егзактна дијагноза.
Според извештајот на Клиниката, се работело за екстремно обезна пациентка, со телесна тежина од околу 150 кг, со висок крвен притисок и тахикардија, која во последните 5 месеци воопшто не се движела, а согласно податоците од докторите во Охрид, пациентката не ги извршувала ниту потребните гинеколошки контроли.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово