Loading Video...
Ракомет
21. April 2020 - 17:56

РФМ донира 10.000 евра во битката против Ковид-19, нема да користи државна помош за плати

Убав потег на РФМ која донесе одлука да не ја користи финансиската помош од државата за своите вработени. Целокупната сума од 100 илјади евра ќе биде уплатена на Министерството за здравство. 
Помошта што Владата на РМ ја обезбеди  со уредбата од 4. Април  за спортската администрација во висина од 14.500 денари за април и мај  РФМ одлучи да не ја користи и сите средства ќе ги пренасочу за борбата против пандемијата. 
Федерацијата истовремено ќе ги задржи сите работни места на административците со ист личен доход како во февруари.  
РФМ љубезно апелира до целата македонска јавност да се следат и најодговорно да се почитуваат препораките на Министерството за здравство за да побрзо и полесно се надмине здравствената криза со цел побрзо да се вратиме на активностите кај нашиот спорт број еден - ракометот.
Ракометните шампионати на Македонија се прекинати и шампион нема да биде именуван. Наскоро ќе бидат познати следните чекори во интерес на македонсиите претставници во европските натпреварувања и следната сезона во Суперлигата и Женската лига.