Loading Video...
Ракомет
15. December 2019 - 15:37

РФМ со пример кон останатите федерации како се мисли на иднината

Откако претходните три дена во салата Автокоманда во Скопје, се играат натпреварите на меѓународниот турнир во кадетска конкуренција (ракометари генерација 2002/2003), на истото место викендов се одржа и првиот собир на најмладата селекција. 
 
Тренерите Радослав Стојановиќ и Кирил Атанасовски овојпат имаа можност да видат над 40-тина деца родени 2004/2005 година и помлади.
 
„Ова е нов проект. Ова е прв ваков собир на оваа годишна возраст, а континуитетот како и селектирањето ќе продолжи и во иднина. Со овој собир го следиме европскиот тренд. Веќе повозрасните генерации 2002 и 2003 се во континуиран процес, на ред се овие деца. Ќе продолжиме и во континуитет да ги следиме сите деца, не само овие туку и сите останати, бидејќи оваа генерација за прв пат ќе треба да се натпреварува дури по две години. Ваквите собири треба да бидат мотив за сите млади ракометари, да се изборат за репрезентативниот дрес. Верувам дека ваквата акција е вистински пример дека, Ракометната федерација на Македонија има вистински план и дека мисли на иднината на нашиот ракомет“, истакна Радослав Стојановиќ во интервјуто за Сител ТВ. 
 
Воедно со ова, Ракометната Федерација на Македонија, дава добар пример на останатите спортски федерации кај нас како вистински и плански треба да се работи и како се размислува за иднината на овој спорт, нешто од што треба да учат и останатите