Тенис
10. јуни 2017 - 8:58

РГ: Десетто финале за Надал

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се избори за своето 10.то финале на Ролан Гарос откако во полуфиналето го совлада Доминик Тием со 3-0 во сетови (6:3; 6:4 и 6:0).

Тој во недела во борба за шампионскиот пехар ќе игра против Стан Вавринка, кој во маратонски меч го совлада првиот светски тенисер Енди Мареј со 3-2 во сетови.
Денеска во женското финале ќе играат Симона Халеп и Јелена Отспенко.