Спорт плус
8. August 2016 - 19:26

Рио 2016: Болт спремен за предизвикот на Гетлин

 
 Најбрзиот човек на денешницата Јусеин Болт е подготвен за предизвикот кој ќе го има од американскиот конкурент Џастин Гетлин. 
 
По низата на провокации од страна на американскиот спринтер, светскиот рекордер Болт најави дека Гетлин ќе го осети неговиот бес на тартанот олимпискиот стадион во Рио. 
 
- Да, без дилема, мислам дека не научија во текот на годините дека таквите провокации само дополнително ме мотивираат. Се радувам на новиот предизвик. Треба да биде возбудливо, но, како и секогаш ќе го осети мојот бес на патеката, изјави Болт.
 
Болт во Рио најави дека ќе атакува на три златни медали.