Фудбал
15. March 2020 - 11:50

Ривер Плата не дозволи гостинската екипа да влезе во стадион

Мечот од Аргентинскиот Суперлига куп помеѓу Ривер Плата и Атлетико Тукуман беше откажан во саботата, откако Ривер Плата не дозволи официјалните лица на гостинскиот клуб да влезат на стадионот поради стравување од корона вирусот.
 
Ривер и претходно најавија дека нема да го играат мечот, но бидејќи оваа одлука не беше одобрена од федерацијата, техничкиот тим на Атлетико пристигна на стадионот но не му беше дозволен влез. Фудбалерите на тимот потоа добија порака воопшто да не доаѓаат на стадионот „Монументал“.
 
„Ова е првпат да слушнам за нешто вакво. Дојдовме во официјалното време како и секогаш, но клубот ги затвори вратите и не ни дозволи влез. Затоа воопшто немаше потреба да доаѓаат гостинските фудбалери“, вели судијата Херман Делфино.
 
Ривер уште во петокот најави дека го „затвара“ клубот привремено поради сериозните закани кон здравјето. За разлика од „Монументал“, на другите аргентински мечеви во саботата се играше фудбал без навивачи.