РКЕ: Со одлуката за густини и маржи на нафтените деривати се штитат и интересите на потрошувачите
Со одлуката за густини и маржи на нафтените деривати објавена во Службен весник на 22 месецов се отсликува реалната состојба на пазарот на нафтени деривати и овозможува цените на нафтените деривати да ги штитат и интересите на потрошувачите и интересите на трговците, порачува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
-Доколку РКЕ постапеше по барањата на трговците за зголемување на маржата, тоа во пракса ќе значеше и зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во износ од над два денара по литар. РКЕ одлучи да ја задржи постојната трговска маржа со цел да ги заштити интересите на крајните потрошувачи, а особено земајќи ја во предвид економската криза поради пандемијата од Ковид 19, информираат од РКЕ.
РКЕ, додаваат, во целост ги отфрла навредите и квалификациите на компанијата Макпетрол за членовите на РКЕ и ги толкува како емотивна и неаргументирана реакција во отсуство на реално образложение на барањето на компанијата за зголемување на маржата.
-РКЕ и понатаму ќе ја следи состојбата на пазарот со нафтени деривати и ако е потребно ќе преземе соодветни чекори согласно своите надлежности со единствена цел да ги заштити интересите и на потрошувачите и на трговците. Либерализацијата на пазарот на нафтени деривати не е во надлежност на РКЕ. Либерализираните пазари во соседните земји имаат повисоки цени на нафтените деривати во износи од над 20 проценти од цените во Република Македонија. Ако сега во услови на монополска позиција на пазарот со нафтени деривати, во Македонија се случи либерализација на овој пазар тоа ќе значи ценовен шок за сите потрошувачи и удар на економијата, потенцираат од Регулаторната комисија за енергетика.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари