-->
-->
Робот ќе ги следи спортските новини во данска новинска агенција
-->
Данската новинска агенција Ритзау инсталираше робот што самостојно ќе пишува прилагодени спортски извештаи по секој локален натпревар, така што еден дел од веста се насочува на домашниот тим, а другиот дел на гостите.
Ритзау смета дека ова е доста важен чекор во развојот на роботското новинарство во самата агенција, но и воопшто.
- Локалниот спорт е важен, но невозможно е да се покријат сите тимови со репортери. Затоа, ние сме задоволни со едно вакво решение, со робот како замена и сакаме да видиме како нашите читатели ќе го прифатат сето тоа, изјави главниот уредник Ларс Јесперсен.
Каква ќе биде реакцијата на публиката, допрва ќе видиме, додава директорот за развој во агенцијата, Кристофер Гравгард.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени