Македонија
20. September 2020 - 16:43

Родилката во Скопје починала од крварење, дали имало лекарски пропуст?

Обилно крварење и проблем со згрутрчување на крвта е причина за смртта на родилката, која синојка почина на Клиниката, велат од ГАК. 40 годишната жена дошла на преглед четири недели пред терминот за породување, а Це-те-гето кое и било направено, велат лекарите, било сомнително, по што и било кажано  дека треба да почека за да го повтори, но таа си заминала дома. По два часа, таа се вратила со обилно крварење и веќе мртов плод. Веднаш била хоспиталзирана и бил направен писиар тест, по што врз неа бил направен царски рез, но крварењето било фатално, вели доктор Стојчевски.

Направено е се но, крварењето било неконтролирано од сите страни, како резултат на дефект на коагулацијата,поради што слабее срцето, а почнале да откажуваат бубрезите и другите органи што довело до смрт“, рече Стојчевски.

Доктор Стојчевски уверува дека неговите колеги  совесно си ја завршиле работата, но како и сите други вакви случаи за тоа ќе одлучува внатрешната комисија за контрола на ГАК. За семејството и јавноста е спорно зошто родилката не била хоспитализирана веднаш по првото це –те –ге ако тоа било сомнително. 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат најави дека утре ќе започне со вонреден инспекциски надзор за случајот. Обдукција не е направена, бидејќи семејството  го побарало телото. Законската регулатива е децидна дека обдукцијата е задолжителна, особено во вакви и слични случаи.