Бизнис
2. November 2017 - 13:28

Ројтерс: Македонија дополнително ќе се задолжува со еврообврзница

Како што изјавува Ројтерс Македонија испратила барање до неколку меѓународни банки барање за доставување предлози за издавање на Еврообврзница  во првата половина на 2018 година. Според  Министерството за финансии  владата во овој момент се уште нема донесено одлука за издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал но дека има редовна комуникација со меѓународните банки и ги следи движењата на пазарот на капитал.

-Инаку  за да  издаде ваков инструмент Министерството за финансии може само со усвојување на одлука на Влада што во моментот нема таква одлука.Новата влада на чело со СДСМ ја задолжи Македонија за само 5 месеци огромни 610 милиони евра.Само пред два дена Македонија се задолжи за нови 71 милион евра во форма на државни хартии од вредност. Последанта еврообврзница Македонија ја издаде во јули 2016 година во вредност од 450 милиони евра со каматна стапка од 5,625 отсто со рок чиј рок на достасување е јули 2023 година.Кога  владата на Македонија ја издаде Еврообврзницата со вредност од 450 милиони евра тогашната опозиција СДСМ односно сегашната влада испрати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ за како што кажуваат прекумерно задолжување, анализира Ekonomski.mk

 

Во обраќањето што го имаше тогашната опозиција СДСМ на прес изјави

„ СДСМ ќе ги искористи сите механизми да спречи непродуктивни трошења“

Понатаму, СДСМ изјави дека со издавањето на еврообврзницата тогашната влада им натоварила долгови  на идните генерации и дека тие се против ваквите задолжувања.Кире Наумов од СДСМ кој при првата најава за издавање на еврообврзницата успеа да го одложи процесот, со тоа што испрати писмо до банките што резултираше со зголемување на  каматата за еврообврзницата. Имено, тогашното Министерство за финансии вината за високата камата ја префрли на тогашната опозиција СДСМ.

Кире Наумов ветуваше дека кога ќе дојде  на власт СДСМ целосно ќе ја смени економската политика

-Очигледно е дека новата влада на чело со СДСМ ја презадолжува Македонија и македонските граѓани. Во нивното 5 месечно владеење не е отпочнат ниту еден капитален проект а вкупните задолжувања со се испумпаните државни резерви изнесува преку пола милијарда евра.Според експертите со оглед на зголемените ризици во економијата, и оттука намалениот економски раст и тенденцијата за негово понатамошно намалување како што е предвидено од , ова задолжување  со евро обврзница би било многу скапо. Инаку прогнозата за македонксиот економски раст од оптимистични 3,5 % падна на 0.7 %. Меѓународниот монетарен фонд двапати да ја ревидираше стапката на раст, од 3.5%, на 3.2%, и од 3.2%, на 2.5%. додека најновата анкета на НБРМ, прогнозираше  дека годишниот раст на БДП ќе се движи во интервалот од 0,5% до 0,9%, за 2017. Македoнија во вториот квартал бележеше -1.8% на Бруто домашнот производ додека индустриското производсртво беше во пад од 5.3%, анализира порталот.

Вкупните задолжувања по основ на Државни хартии од вредност изнесуваат 327.63 милиони  евра, кредити и задолжувања по друг основ се со вредност од 104.85 милиони евра додека по основ на државни резерви износот е 177 милиони евра.  Вредноста на овие износи собрана изнесува 610 милиони евра за само 5 месеци од доаѓањето на власт на новата влада.Овие задолжувања се сериозни и темпото на задолжување е прогресивнио што е крајно загрижувачки потенцираат експертите. Овие пари ќе треба да ги враќаат граѓаните на Република Македонија и новите генерации.

Новата влада на чело со СДСМ вртоглаво ја задолжува Македонија имено со досегашните задолжувања и трошења на државните резерви кои достигнаа 610 милиони евра за само 5 месеци не се изградија никакви капитални проекти. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека овие пари се трошени во предизборието за купување на гласови додека тие потенцираат дека во нивно владеење парите биле трошени за капитални, инфраструктури проекти кои се од круцијално значење на државата. Според податоците финансирањето на граѓанските организации, вкупно по сите основи од државниот буџет, е на ниво од четири до пет милиони евра годишно, што е исто колку што дава и фондацијата СОРОС. Според анализите За стоки и услуги,  во интервалот (07.08. – 27.10. годинава) новата Влада потрошила повеќе од 125 милиони евра.Според анализитте , невладините организации , од државниот буџет, примиле 10 пати повеќе пари од вкупната вредност на сите префрлени субвенции на приватни претпријатија за споменатиот период. Дали новата влада на чело со СДСМ им се потребни дополнителни средства за да се покријат дупките кои се креирани со непродуктивните трошења и лошото менаџирање на финансиите. Владата на Република Македонија прогресивно ја задолжува земјата како на домашниот така и на странскиот пазар без вложувања во капитални и инфраструктури проекти а со можноста за  издавање на нова евро обврзница задолжувањата стануваат алармантни и ја носат земјата пред финансиски колапс, пишува Ekonomski.mk.