Македонија
25. July 2016 - 8:40

„Рок симфонија“ - концерт на Битолскиот камерен оркестар

„Рок симфонија“ е насловот на проектот и серијалот летни концерти кои Камерниот оркестар на Битола ќе ги одржи во неколку македонски градови.

Од НУ Центар за култура-Битола информираат дека првиот концерт ќе се одржи вечер на ракометното игралиште, а потоа следуваат настапи на плоштадите во Штип и Кавадарц. Со истоимениот концерт ќе биде затвореногодинашното Скопско културно лето.

Покрај хорот и оркестарот на коцертите во рамки на летната турнеја, со Битолскиот камерен оркестар ќе настапат солистите Михајло Трајковски, Жарко Јакимоски и Петар Христов.