Бизнис
30. April 2016 - 17:17

Рокот за исплата истекува, а дел од винариите се уште не го платите откупеното грозје

Истекува рокот за исплата на откупеното грозје. Винариите до денес требаше да ги исплатат лозарите за откупениот род. Според информациите од  лидерот на лозарите Аризанов,  има винарници кои сеуште ги немаат исплатено производителите и покрај тоа што законскиот рок истекува. Оние откупувачи кои нема да си ја исполнат законската обврска ќе треба да им платат казнена камата на лозарите, и 10 отсто од сумата што ја дужолжат во буџетотот на државата. Се додека не ги исплатат лозарите нема да бидат впишани во Регистарот и наредната откупна сезона ќе немаат право да откупуваат.

Држвата во февруари со законски измени го скрати рокот за исплата на откупеното грозје за три месеци. Од оваа година откупеното грозје откупувачите ќе треба да го исплатат до 31 јануари.

Новина од септември ланската година беше тоа што за поблагото грозје лозарите требаше да добијат повисока цена. Минималната цена за килограм Вранец со 19 шеќерни единици беше 13 денари, а килограм Смедеревка со 17 шеќерни единици 11 денари. Во зависнот од шеќерните единици цената можеше да се зголемува.

Лани винариите откупија околу 160 000 тони грозје. Со извезените количини и грозјето наменето за домашните потреби ланскиот род достигна околу 200 000 тони.