Македонија
31. May 2020 - 19:57

Роми организираат протести поради навредите по етничка и верска основа на социјалните мрежи

Во изминативе неколку дена во неколку градови, претежно во источна Македонија, Роми од муслиманска вероисповест организираат протести поради навредите по етничка и верска основа што се шират на социјалните мрежи. 

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вчера соопшти дека случајот е расчистен и дека Секторот за компјутерски кримнинал и дигитална форензика открил дека станува збора за лицето И.Ѓ. ,30 години од Скопје, кое во повеќе наврати на својот профил на социјалната мрежа фејсбук објавувал постови со кои шири говор на омраза кон муслиманите и ромите со што сторил кривично дело ширење на расизам по пат на компјутерски систем, предвидено казниво дело по членот 394 од кривичниот законик за што во ОЈО во Скопје е поднесена кривична пријава.

Но полицијата и Јавното обвинителство веројатно ќе треба да ги проверат и изјавите на дел од учесниците на протестот во Велес на кои отворено се повикуваше на радикализација во име на верата.  
За тоа се очекува и реакција од ИВЗ.