Џет-Сет
20. August 2016 - 16:39

Росана стана баба, Џејмс македонски зет

Росана и нејзиниот сопруг, актерот Ѓорѓи Тодоровски – Трупче станаа баба и дедо, пишува Вечер.

Да нема дилеми, баба и дедо на зетот Џејмс. За вистински баба и дедо малку ќе почекаат, оти нивната единка Ивана и нејзиниот избраник Џејмс тукушто се заколнаа на вечна љубов.

Денеска младите решиле само да ја озаконат својата долгогодишна врска во матично, а свадбената церемонија би требало да се случи догодина во истово време.

На нашите деца Ивана и Џејмс им ја посакуваме целата среќа на овој свет. Денес е многу убав ден„, се пофали пејачката на Фејсбук.

rosana-i-dzejms.jpg-700

Инаку, ќерката на Росана и Трупче со Џејмс, кој е Англичанец, е во врска неколку години, а тој освен што е вљубен во Иве, како што ја вика својата сакана, „вљубен„ е и во нашата земја.

Честитки бабо и дедо, па да честите и за вистинска улога на баба и дедо наскоро.