Loading Video...
Тенис
24. September 2022 - 11:40

Рожер Федерер го одигра последниот меч

Еден од најголемите тенисери во историјата на овој спорт Рожер Федерер официјално ја заврши професионалната кариера.
 
Швајцарецот кој пред две седмици наполни 42 години, синоќа го одигра својот последен официјален натпревар. 
 
На „Лејвер купот“ што се одржува во „О2 Арена“ во Лондон, Федерер заедно со својот голем ривал, но и пријател Рафаел Надал одиграа меч во двојки претставувајќи го европскиот тим, но Американците Сок и Тиафо, беа оние кои го добија мечот. 
 
Со овој меч Швајцарец ја заврши својата богата кариера во која освои 103 трофеи во сингл, од кои 20 од Грен-слем турнирите и заедно со Надал и Ѓоковиќ е во големата тројка на вечната тениска листа. 
 
Емоциите не изостанаа, како кај Федерер така и кај останатите тенисери кои беа дел од овој спектакл, а пред мечот, Џон Мекинро рече – ако јас бев лошото момче, тогаш сигурно Роџер е доброто. Тој е најголемиот џентлмен во тенискиот спорт.