Свет
11. February 2016 - 11:06

Русија е подготвена во Минхен да разговара за прекин на огнот во Сирија

Русија е подготвена на Минхенската безбедносна конференција да го разгледа прашањето за прекин на огнот во Сирија, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Генадиј Гатилов.

- Ние сме подготвени да ги разгледаме можностите за прекин на огнот. За тоа ќе се разговара во Минхен, рече тој.

Гатилов истакна дека обновувањето на меѓусириските преговори во Женева зависи од ставот на претставниците на опозицијата од т.н. „ријадска група“.

- Кој е одговорен за неуспехот на првиот круг од преговорите? Опозицијата од Ријад. До неа треба да биде поставено прашањето дали ќе бидат обновени преговорите на 25 февруари. Владата, колку што знам е подготвена на тоа, рече Гатилов.