Свет
23. November 2015 - 14:51

Русија ги укина санкциите спрема Иран

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за укинување на забраната за извоз на нуклеарна опрема и технологија во Иран.

Со тоа се укинува забраната за снабдување на Иран со опрема за збогатување на ураниум, пренесува „Раша тудеј“. 

Декретот, кој е објавен истиот ден кога Путин допатува на првата официјална посета на Иран после осум години, предвидува дека руските фирми сега имаат дозвола да даваат финансиска и технолошка помош на Иран. 

Таква одлука во Москава следеше откако Техеран и шесте светски сили постигнаа договор во јули кој предвудува укинување на санкциите на Иран во замена за ограничување на нивната нуклеарна програма.