Loading Video...
Кошарка
24. February 2019 - 18:22

Русија и Србија се пласираа на кошаркарскиот Мундијал

Русија и Србија последните две европски земји кои се квалификуваа на завршницата на Светското кошаркарско поверенство (по ново Светски Куп), што летово  ќе се одржува во Кина (31 август – 15 септември 2019)
 
Русите во рамките на К групата го совладаа директниот конкурент Финска со 91:-76, со што им се приклучија на Франција и Чешка кои во директен дуел решаваат за 1.место во групата. 
 
Иста беше и ситуацијата во Л групата во која сигурни патници се Грција и Германија, додека Србија со победата над Израел со 97:76 го освои третото место. 
 
Од останатите европски земји на Мундијалот место имаат обезбедено: Шпанија,  Турција и Црна Гора од група И, односно Литванија, Италија и Полска, од Ј група.