Балкан
10. December 2019 - 12:49

Русија и Турција сметаат дека не е неопходно проширување на безбедносната зона во Сирија

Руската федерација и Турција нема да ја прошируваат зоната за безбедност во североисточна Сирија, што беше усогласена во меморандумот од Сочи, изјави специјалниот претсавник на рускиот претседател за Сирија, Александар Лаврентиев, пренесува Тасс.

-Не, согласно меморандумот, што е потпишан од претседателите Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, оваа зона за безбедност е конкретна зона. Таа треба да биде зачувана во нејзиниот сегашен вид. Тоа е единствениот излез. Проширувањето нема да донесе ништо убаво, изјави тој, одговарајќи на прашањето за можноста за проширување на оваа зона.