-->
-->
Русија пред исклучување од Олимписките игри во Рио
-->
Меѓународниот олимписки комитет денеска ќе донесе одлука за исклучување на целата руска репрезентација од Олимписките игри во Рио, ова го наведува британскиот весник „Меил он Сандеј“ (неделниот додаток на „Дејли Меил“).
Како што пишува весникот Меѓународниот олимписки комитет (МОК) веќе има донесено одлука исклучување на сите руски спортисти кои треба да настапат на Олимпијадата во Рио која почнувана на 5 август.
Потврдата треба да ја донесе извршниот комитет на МОК на денешниот состанок во Лозана, на кој информацијата треба да биде официјализирана, а доаѓа по препораката Светската антидопинг агенција (ВАВА) по резултатите од претходно извршената истрага, по што ВАДА препорача на МОК да ја исклучи репрезентацијата на Русија игрите.
Весникот, повикувајќи се на сопствен извор во МОК, пишува дека сите 387 руски спортисти ќе бидат отстранети од Игрите за да ѝ се „покаже на Москва дека допингот претставува напад врз целиот спорт“.
Според неименуваниот извор, клучните лица во МОК исто така се залагаат за исклучување на Русија од зимската Олимпијада 2018 година во Јужна Кореја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право