Свет
18. May 2020 - 11:49

Русија со 8.926 случаи од Ковид-19 во последните 24 часа

Бројот на нови случаи од Ковид-19 во Русија порасна во последните 24 часа за 8.926 и прв пат од 1 мај бројот на новозаразени е помал од 9.000.

Во Русија до денеска се потврдени вкупно 290.678 случаи на Ковид-19, пренесува Тас.

Дневниот раст на новозаразени трет ден по ред е помал од 10.000.

Руската оперативна група за коронавирусот соопшти дека починале уште 91 лице, со што вкупниот број на починати е зголемен на 2.722.

Русија по бројот на заразени од Ковид-19 е на второ место во светот, веднаш по САД.